Нашиот стандарден репрезентативец Николче Новески кој веќе 9 години е дел од бундеслигашот Мајнц го спаси својот тим од пораз во последните секунди од натпреварот против Хофенхајм. Мајнц пред своја публика имаше негатива од 2:0 се до 82 минута, а по голот на Мотинг, израмнувачкиот погодок за 2:2 го постигна нашиот дефанзивец кој по изведениот корнер се најде на вистинското место во 93 минута.