Околу 50 играчи од Битола, репрезентативци на Македонија, оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Голем дел од нив со меѓународна кариера во Србија, Грција, Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Германија, Франција...
Клубот имал најмал буџет во лига, ама тоа не значeло ништо бидејќи имале голем мотиватор и харизматичен лик кој се поставува со цело срце, без разлика дали се бори за трофеј во Европа или за опстанок.
Битолчанецот кој долги години го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација доби неверојатна чест во својот втор дом - Мајнц каде за последен пат го носеше дресот на омилениот клуб. Среќно понатаму Николче.
По 11 години во клубот во кој беше капитен, Николче Новески реши да ја заврши својата кариера. Го испратија во фудбалска пензија онака како што стоперот од битолско Новаци заслужува. Почести од навивачите, соиграчите и стручниот штаб кои го испратија Новески како Стивен Џерард на Енфилд Роуд.
По СП Франција 1998, каде паднаа рекордни 6 автоголови, Мундијалот во Бразил влегува на 2. место со 5 „дунстери“ кои ја пикнаа топката на погрешно место.
Искусниот дефанзивец на Мајнц кој го извести селекторот Бошко Ѓуровски дека поради возраста дефинитивно се повлекува од репрезентацијата, оваа сезона е третиот најстандарден играч во Бундес лигата во конкуренција на ветерани.
Николче Новески го продолжи договорот со Мајнц каде ќе остане уште една сезона. Истиот ден кога тој потпиша нов договор, Бундеслигата му објави видео посветено на неговиот неславен рекорд.
Нашиот стандарден репрезентативец Николче Новески кој веќе 9 години е дел од бундеслигашот Мајнц го спаси својот тим од пораз во последните секунди од натпреварот против Хофенхајм. Мајнц пред своја публика имаше негатива од 2:0 се до 82 минута, а по голот на Мотинг, израмнувачкиот погодок за 2:2 го постигна нашиот дефанзивец кој по изведениот корнер се најде на вистинското место во 93 минута.
Македонскиот репрезентативец Николче Новески веќе подолго време е еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, а како потврда за неговата одлична форма оваа недела повеќе медиуми го сместија во тимот на колото во Европа.