По 11 години во клубот во кој беше капитен, Николче Новески реши да ја заврши својата кариера. Го испратија во фудбалска пензија онака како што стоперот од битолско Новаци заслужува. Почести од навивачите, соиграчите и стручниот штаб кои го испратија Новески како Стивен Џерард на Енфилд Роуд.