Новески во европскиот тим на колото

Македонскиот репрезентативец Николче Новески веќе подолго време е еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, а како потврда за неговата одлична форма оваа недела повеќе медиуми го сместија во тимот на колото во Европа.

Изминатиот викенд Мајнц на Николче Новески гостуваше кај Гројтер Фирт и прослави победа од 0:3 со што се искачи на 5-та позиција во Бундеслигата. Најдобар поединец на овој натпревар беше токму Новески кој како столб на одбраната не дозволи да се затресе мрежата на неговиот тим. Новески одигра 90 минути за кои имал 3 успешни лизгачки стартови и 8 пати ја расчистил опасноста пред неговиот гол.

Со ова одлично издание, тој го заслужи местото помеѓу најдобрите 11 во цела Европа. Името на Новески се најде во тимот на колото според Еуроспорт, заедно со Меси, Роналдо, Рамос, Коентрао...

И не само според Еуроспорт. Новески се најде и во тимот на колото според статистиките на сајтот WhoScored каде оценката му е 8,1.

30 јануари 2013 - 09:20