Македонска трага на стадионот на Мајнц

Убаво е чувството кога во една светска фудбалска сила како Германија, на стадион ќе налеташ на нешто наше. На самиот влез на една од трибините на стадионот на Мајнц, се наоѓа големиот мурал посветен на Николче Новески, капитенот кој остави голема трага во клубот, каде играше во периодот 2004-2015. Од Битола до Мајнц, неговото име и денес живее меѓу навивачите.

4 септември 2026 - 09:11