Легендарниот македонски фудбалер се прости од фудбалот на ревијален меч во Мајнц пред полни трибини каде тренери беа Јирген Клоп и Томас Тухел.
На „Опел Арената“ во Мајнц синоќа дојдоа повеќе од 10.000 навивачи кои на прекрасен начин се поздравија со човекот кој цели 11 години го носеше нивниот дрес. Ревијалниот дуел меѓу тимот на Мајнц и тимот на Новески заврши 8-5 за првите кои ги предводеше харизматичниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Thank you for everything Nikolce! Once a #05er, always a #05er! 👊 #NikolceAndFriends pic.twitter.com/9Du5UZASgb
— Mainz 05 English (@Mainz05en) September 2, 2017
Стоперот е роден во Битола на 28. април 1979 година. Како анонимен фудбалер го напушти битолски Пелистер и тргна на пат за Германија каде самостојно ја градеше кариерата. Новески веќе подолго време редовно тренира во Битола и се одржува во форма а во август беше дел од голем хуманитарен натпревар којшто го организираше Дирк Новицки во Германија.
The captain is back! We can't wait for #NikolceandFriends 😍 ⚽️
— Mainz 05 English (@Mainz05en) September 2, 2017
Kick off is at 17:00 CEST! pic.twitter.com/P2qrF72cx8