Јирген Клоп ја завршил фудбалската кариера во 2001-ва година во Мајнц каде настапувал 11 години и веднаш потоа му ја довериле тренерската функција без разлика што имал само 34 години.
Првите две сезони се борел во второлигашко друштво, но во третата се изборил за пласман во Бундеслигата и тоа прв историски во нивното 100 годишно постоење.
Но целта на Клоп не била само да го внесе Мајнц во прва лига, туку таму да остане и следната. Тоа му успеало на негов начин.
„Летото 2004-та со Мајнц бевме промовирани во Бундеслига, а јас се одлучив за малку поинакви подготовки пред стартот на сезоната. Тоа беше прва нивна промоција откако се основани како клубот и сонот беше како да се спасиме уште во деби сезоната.
Сакав да создадам челична екипа. Ги однесов во Шведска на езеро со многу острови. Останавме пет дена, ама само со шатори за кампување. Немавме ниту струја, ниту телефони, па ниту храна.
За да преживееме моравме да ловиме риба. Навечер за спиење не ни беше баш комотно и од секаде не бодеа камења и корени. Преку ден врнеше и имаше комарци.
Така создадов тим кој се обедини. Ако сакаш исклучителни резултати треба заедно да доживеете посебни и емотивни моменти. Потребен е тимски дух кој треба вистински да го искусите“, објаснува Клоп.
Таа сезона го имаше најмалиот буџет, а неговиот тим играше на најмал стадион во лигата. Но големиот Клоп не само што го спаси Мајнц и се пласираше на 11-та позиција, туку три сезони во низа остана во Бундеслига, па дури стигна и до квалификации за Куп на УЕФА.
По неговото прво и непроценливо тренерско искуство во Мајнц кое му траеше седум години, Клоп со Борусија Дортмунд по два пати ја освои Бундеслигата и Супер Купот и еднаш Купот на Германија, а ги однесе и до финале на ЛШ.
Со Ливерпул оствари историски хет-трик на меѓународни трофеи, нешто што не му успеало на ниту еден друг англиски клуб: Лига на шампиони, Супер Куп на Европа и Светско клупско првенство.
На тоа челичење со Клоп најверојатно бил и Николче Новески, кој 11 години (2004-2015) го носеше дресот на Мајнц, каде беше и капитен.