Перо Антиќ ја почуствува магијата на НБА паркетот. Своето деби на загревањето пред сезоната, Антиќ го имаше против најдобриот состав во НБА лигата.
Првото полувреме им припадна на кошаркарите на Мајами, а Атланта се врати во игра во вториот дел, но до крајот стигна само до 92:87.
Антиќ одигра 15 минути и 47 секунди за кои постигна 3 поени (0/2 за 2 поени и 1/6 за 3), а оствари и 4 скокови и украде една топка.
Најефикасен на паркетот беше Крис Бош со 21 поен, а Леброн Џејмс постигна 9. Најдобри кај Атланта беа Мајк Скот со 13 и Пол Милсап со 12.
Екипата на Атланта вечерва ќе го одигра вториот претсезонски натпревар против Шарлот.