Колку повеќе репрезентативци ќе имаат клубовите кои ќе бидат дел од наредното Светското првенство, толку повеќе пари ќе тријат нивните газди и тоа скоро двојно повеќе за разлика од претходниот Мундијал во Јужна Африка.
Нивното учество за разлика од Светското првенство во 2010 година на кое ФИФА за играчите на нивните матични клубови им плаќаше по 1600 долари дневно, наредната година ќе чини по 2800 долари на ден.
Вкупната сума на пари која ФИФА ќе ја плати за учеството на играчите на наредниот Мундијал ќе изнесува околу 70 милиони долари или 30 милиони повеќе од пред 3 години.
За време на минатото Светско најмногу пари од ова заработи екипата на Барселона, вкупно 866.267 долари поради големиот број на репрезентативци од таборот на светскиот шампион Шпанија.
Поделено во лиги најмногу пари завршија во Премиер лигата, каде англиските клуботи вкупно заработија од ФИФА 6 милиони долари. Со ова зголемување се очекува некои клубови како Барселона кои имаат повеќе репрезентативци да искешираат над милион долари.
Математиките покажуваат дека еден клуб од само еден играч кој ќе стигне до финалето, за сите 32 дена учество на Светското првенство кое се игра од 12 јуни до 13 јули 2014 година ќе заработи 89.600 долари.
Во 2010 година вкупно 400 клубови заработија пари од ФИФА на овој начин.