Викендов во Белград се одржа 17-то издание на ултрамаратонот во чиј склоп се одржуваа трки на 6, 12 и 24 часа, а соборени беа рекордот на патеката, како и четири државни рекорди.
Велешанецот Трајче Михов е апсолутен победник на ултрамаратонот со претрчани неверојатни 220 километри за 24 часа. Со овој резултат тој постави нов државен рекорд на Македонија, а воедно и го сруши рекордот на патеката кој датира од 2000-та година.
За силната конкуренција на турнирот говори и фактот што второпласираниот Спајиќ од Србија со 218 километри и третопласираниот Павиќ од БиХ со претрчани 212 километри, исто така поставија нови национални рекорди.
На трката на 12 часа со истрчани 98 километри на третата позиција зад Словенците Пхнец и Фазлич заврши скопјанецот Јовица Јованчев, а неговата колешка од клубот Делта, Тања Стојановски со претрчани 94 километри го освои првото место во женската конкуренција.