Само нешто повеќе од 3 минути му беа потребни на нашиот најдобар фудбалер да го отвори резултатот за Наполи кој во рамките од 7 коло во Серија А ја пречека екипата на Ливорно која беше декласирана со 4:0.
По мечот против Арсенал во Лигата на шампионите Пандев кој беше во стартниот состав како најистурен напаѓач, повторно ја доби истата улога од Бенитез и на денешната средба, а голот го постигна на асистенција на Мертенс.
Стрелци на останатите погодоци за Наполи беа Инлер, Калехон и Хамшик, а при погодокот на поранешниот играч на Реал Мадрид, асистент беше Пандев.
Ова е трет гол во низа за нашиот интернационалец откако минатото коло сам го реши гостинскиот меч против Џенова на кој постигна два гола.