Горан Пандев по трет пат оваа сезона беше во стартниот состав и го одигра својот најдобар натпревар.
Првиот погодок го постигна во 14-та минута по асистенција на Инсиње, во 25-та минута со прецизен шут по втор пат го матираше домашниот голман Перин.
Ова се први погодоци за Пандев по седум одиграни натпревари за Наполи во Серија А и Лигата на шампиони оваа сезона.