Фетел ја освои Кореја

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше и на патеката во Јеонгам и на пет трки до крајот го зголеми водството пред Алонсо на 77 поени.

Себастијан Фетел ја забележа четвртата победа во серија со триумфот на трката за Големата награда на Кореја.

Германецот тргна од пол позицијата и доминираше на патеката до самиот крај. Зад него завршија возачите на Лотус, Кими Раиконен и Роман Грожан.

Единствениот конкурент на Фетел со теоретски шански за титулата, Фернандо Алонсо заврши на 6-та позиција па разликата помеѓу нив сега изнесува огромни 77 поени.

Следната трка на календарот е Јапонското Гранд При кое ќе се вози за седум дена.

Резултати:
1. Себастијан Фетел 1:43:13.701
2. Кими Раиконен +4.224
3. Роман Грожан +4.927
4. Нико Хулкенберг +24.114
5. Луис Хамилтон +25.255
6. Фернандо Алонсо +26.189

Генерален пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел - 272 поени
2. Фернандо Алонсо - 195
3. Кими Раиконен - 167
4. Луис Хамилтон - 161
5. Марк Вебер - 130
6. Нико Розберг - 122

Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул - 402 поени
2. Ферари - 284
3. Мерцедес - 283
4. Лотус - 239
5. Мекларен - 81
6. Форс Индија - 62

6 октомври 2013 - 10:08