Убаво било да се биде дел од еден „Кралски клуб" како Реал Мадрид. Кристијано Роналдо неодамна побара покачување и си доби и тоа сега е најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 17 милиони евра.
По заминувањето на Жозе Мурињо, Перез пронајде замена во Карло Анчелоти, навидум скромен човек и "неатрактивен" за медиумите како што беше неговиот претходник. Но Италијанецот кој тренираше екипи од калибарот на Јувентус, Милан, Челси и ПСЖ си има свои барања кои му ги оствари газдата.
Освен со славниот Зинедин Зидан кој го гледате на клупата како негов прв помошник за време на натпреварите тој работи со уште 16 помошници. Девет од нив веќе беа вработени во клубот, а останатите ги донесе самиот.
Покрај Зидан како помошник со него работи и Пол Клемент, а најмногу Анчелоти внимава на физичката форма на своите фудбалери за кои им одредено дури четворица кондициони тренери. Главен меѓу нив е Џовани Маури, а во таа секција работи и Џек Нејлор. Сите овие имиња работеа со него во ПСЖ.
Во тој дел се вработени уште и синот на Маури, како и синот на Анчелоти, Давиде кој има 24 години и кој дипломирал кинезиологија. Во првото негово вработување тој е задолжен да се грижи за ѕвездите како Роналдо и Бејл, а првите задачи му беа да смисли тренизи како играчите би поминале со помали последици при евентуални повреди кога се враќаат од репрезентативните обрвски.
За голманите е задолжен Вилијам Веки со кој се запозна уште додека беше тренер во неговиот прв клуб Реџана во 1995 година, а негов асистен е Хуан Каналес. Во големиот тим на Анчелоти има и нутриционисти, лекари и скаути кои ја скенираат играта на противникот.