Соголениот тренер избега од Левски

Откако синоќа навивачите на Левски го соблекоа и избркаа од прес конференцијата, тренерот Ивајло Петев реши да не го презема кормилото на клубот.

Навивачите му порачаа да исчезне од клубот, а тој ги послуша. Но не помина се толку лесно.

Бугарскиот тренер Ивајло Петев синоќа требаше да има официјална промоција пред медиумите како нов предводник на Левски, но презентацијата ја прекинаа група на навивачи на клубот.

Поранешниот тренер на Лудогорец во минатото јавно изјавуваше дека навива за ЦСКА, па навивачите на Левски присилно го соблекоа и му ставија до знаење дека не го сакаат во својот клуб.

Во текот на денешниот ден понижениот тренер реши да ги послуша навивачите и се откажа од клупата на Левски.

9 октомври 2013 - 15:15