„Ние не сме Наполитанци" е слоганот кои го пееле навивачите на Милан на гостувањето против Јувентус минатиот викенд и кој направи голема збрка на Апенините. Поради таквиот начин на навивање Италијанската фудбалска федерација донесе чудна одлука која вообичането ја носи во случај на расизам.
„Росоњерите" наредниот меч против Удинезе на домашен терен се приморани да го играат без публика, но и ќе треба да платат парична казна од 50.000 евра. Жестока рекација веднаш пристигна од потпретседателот на Милан.
„Не можам да ви опишам колку сум бесен. Јасно ми е дека расизамот е голем проблем, но територијалната дискриминација е нешто сосема. Тоа е како со мои пријатели да пејам против некои луѓе од другата страна на градот. За почеток не казнија финансиски, а претпоставувам дека ќе почнат наскоро да одземаат и бодови", изјави разлутениот Адријано Галијани.
Срамната одлука на федерација ги сплоти навивачките групи на големите градски ривали од Милано кои во наредното коло од Серија А ги повикаа на протест сите навивачи.
„На сите натпревари на 18, 19 и 20 октомвски нека се слушаат песни со територијална дескриминација за да предизвикаме затворање на сите стадиони, па да видиме како ќе изгледа цело италијанско првенство без публика", порачаа навивачите на Милан.
За сега протестите, освен нивните градски ривали ги поддржаа и фановите на Јувентус кои изјавија дека со вакви безсмислени казни им се ограничува слободата на говорот.