Фудбалскиот клуб Лејтон Ориент се уште е непоразен по 10 одиграни кола и со осум победи и две нерешени се наоѓа на првата позиција во Лига Еден (трета по ранг лига во Англија).
Тренерот Расел Слејд реши да ги преземе сите мерки за да го задржи првото место, па тој дури им забранил на фудбалерите на денот на одигрување на натпревар да го трошат времето со игрицата ФИФА 14 затоа што оваа игрица е можниот виновник за падот на формата.
Најновото издание на популарната игрица ФИФА беше пуштена во продажба на 24 септември. До пред пуштањето, фудбалерите на Лејтон забележаа осум победи во серија, а откако тие почнале со часови да играат ФИФА, на последните два натпревари одиграа само реми.
Фудбалерите до толку се заразиле со ФИФА 14 што дури ја играле и во автобусот додека патувале на гостување, па тренерот Слејд решил да им ја забрани за да можат да се концентрираат на натпреварот.
Се уште нема реакција од креаторите EA Sports кои избраа да ја рекламираат игрицата токму на гостинскиот дрес на Лејтон Ориент.