Фудбалските репрезентации на Хрватска и Белгија во петок ќе ги одмерат силите на натпревар од нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство во Бразил, па гостите синоќа слетаа во Загреб. Но Белгијците немаа пријатен дочек на аеродромот.
Веднаш што тие почнале да влегуваат во автобусот кој требало да ги одведе кон нивниот хотел, членовите на експедицијата приметиле дека возачот е алкохолизирана состојба.
Веднаш следел уште еден шок за нив. Пристигнале припадници на полицијата кои го уапсиле пијаниот возач затоа што на патот кон аеродромот тој предизвикал сообраќајна несреќа и избегал од местото.