Серж Џехоа од грчкиот второлигаш Глифада се вброја помеѓу играчите кои најбрзо заработиле црвен картон, а можеби и го сруши рекордот за најбрзо избркан фудбалер по влегување од клупата за резервни фудбалери.
Веднаш штом екипата на Олимпијакос од Волос поведе со 3:1 во 82-та минута, тренерот на гостите реши во игра да внесе свежа крв и веројатно се покаја за својата одлука.
Само пет секунди откако тргна од центарот, Џехоа заработи црвен картон. Можеби одлуката на судијата беше престрога, но црномурестиот фудбалер дефинитивно си го заслужи признанието за офсајд лик.
Неговиот тим до крајот прими уште еден гол и загуби со 4:1.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.