Париз домаќин на Геј игрите

Градот Париз ги доби правата за организација на спортските игри на хомосексуалците во 2018-та година.

Париз ги победи Лондон и ирскиот град Лимерик во трката за организација на Геј игрите во 2018-та година.

Овој настан во минатото беше познат под името Геј Олимпијада, но го смени името во Геј игри заради правен приговор на Меѓународниот олимписки комитет.

Првите вакви игри се одржаа во 1982-та година, а следните ќе се одржат следната година во Кливленд и Акрон во САД. На минатите вакви игри во Келн во 2010-та година учествуваа 9.500 луѓе од 70 земји.

8 октомври 2013 - 12:27