Порталот „bleacherreport" направи листа од 20 највлијателни личности во најважната споредна работа во светот. Дел од нив се со највисоки функции во фудбал, други се моќни агенти кои стојат зад најголемите трансфери и трети се славни фудбалери.
Првото место му припаѓа на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер кој се смета за најмоќен човек во светот на фудбалот. Претрпе разни обвинувања за корупција, расизам и хомофобија, но 77 годишниот Швајцарец и натаму опстојува на фотељата од 1998 година.
Зад него е Мишел Платини кој се мести да го замени неговиот постар колега по Мундијалот во Бразил. На претседателската функција во УЕФА е од 2006 година и има клучно влијание врз правилата на фудбалската игра во Европа.
На третата позиција високо котира извршниот директор на Премиер лигата Ричард Скудмор кој на оваа функција е веќе 14 години. Тој е задолжен за преговорите на глобалното спонзорство и правата за емитување кои се во вредност од 3,5 милијарди фунти.
Потоа следуваат Шеиците од Катар кои се изборија за контроверзното Светско првенство во 2022 година и кои го купија Пари Сент Жермен. Во шпанското првенство оваа сезона потпишаа спонзорски договор со Барселона вреден 170 милиони долари, а во 2010 година ја купија Малага.
На оваа листа има четири моќни агенти: Хорхе Мендес, Мино Рајола, Киа Јорбакијан, и Пини Захави, потоа фудбалерите Меси и Балотели и сега веќе пензионираниот Дејвид Бекам, како и еден новинар од Телеграф.
1. Сеп Блатер – претседател на ФИФА
2. Мишел Платини – претседател на УЕФА
3. Ричард Скудмор – извршен директор на Премиер лигата
4. Шеиците од Катар – сопственици на ПСЖ
5. Хорхе Мендес – агент
6. Мино Рајола – агент
7. Сер Дејвид Ричардс – претседател на Премиер лигата и интернационалниот комитет на ФА
8. Дејвид Бекам – поранешен фудбалер
9. Барни Францис – извршен директор на Скај спорт
10. Хавиер Тебас – претседател на Шпанската фудбалска федерација
11. Иса Хајату – претседател на Африканската фудбалска федерација и потретседател на ФИФА
12. Киа Јорбакијан – агент
13. Волфганг Нирсбах – претседател на Германската фудбалска федерација
14. Лионел Меси – фудбалер
15. Принцот Али Бин Ал Хусеин – претседател на Фудбалската асоцијација на Јордан и потпретседател на ФИФА
16. Хенри Винтер – новинар во Телеграф
17. Аугенио Фигуередо – претседател на Јужноамериканската фудбалска федерација и претседател на организацискиот комитет на СП Бразил 2014
18. Ленарт Јохансон – поранешен претседател на УЕФА
20. Пини Захави - агент