Најскапото Светско првенство

Светското првенство во 2014-та година ќе остави најголема дупка во џебовите на навивачите и за нив ќе биде најскап Мундијал во историјата.

Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Бразил нема да биде настан кој ќе можат да го посетат луѓето кои не се богати.

Според проценките, еден навивач кој ќе сака да го следи Светското првенство ќе треба да издвои од 6.000 до 12.000 долари, а во оваа сума не се пресметани авионските билети до Бразил, како и превозот помеѓу градовите во оваа земја додека трае првенството.

Исто како и на првенството во САД 1994 и како што ќе биде во Русија 2018, навивачите од стадион до стадион во Бразил ќе треба да патуваат со авиони затоа што одалеченоста помеѓу градовите домаќини е огромна.

Првенството ќе биде прескапо и за локалните жители затоа што најефтината влезница чини 150 долари што е колку пола плата во Јужна Америка.

9 октомври 2013 - 14:05