По еднонеделно гласање љубителите на ракометот на сајтот Handball-Planet.com дадоа најмногу гласови за мечот Металруг – ПСЖ со што е прогласен за најдобар натпревар од второто коло од ракометната Лига на шампионите.
Екипата од Автокоманда со голема поддршка од полната сала „Борис Трајковски" приреди сензација во најклавитетното клупско европско натпреварување со победата против скапиот состав на ПСЖ од 28:26.
Да се надеваме дека таќа ќе биде и следниот викенд кога Парижаните ќе му гостуваат на македонскиот шампион Вардар во рамките од третото коло од Лигата на шампионите.
Најинтересни натпревари од второто коло во ЛШ:
1. Металург - ПСЖ 59%, (259 гласови)
2. Веспрем – РНЛ 32%, (140 гласови)
3. Киел – КИФ Кoлдинг 4%, (19 гласови)
4. Динамо Минск - Вардар 4%, (18 гласа)
5. Мотор – Загреб Кроација Осигурување 1%, (2 гласа)