Младиот фудбалер Аднан Јанузај има одиграно вкупно 96 минути за првиот тим на Манчестер Јунајтед, а за него веќе се борат Јувентус и Манчестер Сити. На синоќешниот натпревар за младинскиот тим, фудбалерот од средниот ред царуваше на теренот и покажа зошто тој е иднината на Манчестер Јунајтед, а со огромна леснотија како искусен голгетер постигна и едно прекрасно голчиште.