Offside

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Со обоени лица против расизамот

Црномурестите фудблери не се раат ниту во аматерските лиги во Италија. По расистички напад врз фудбалер од Того кој настапува за екипата на Ровеџо, колегите покажаа солидарност на многу оргинален начин.

Тренер натепа навивач и си поднесе оставка

Аргентинскиот фудбал има проблем со насилни навивачи, но и насилни тренери. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Интер, Нелсон Вивас поднесе оставка од тренерската функција во Килмес откако натепа навивач на трибина.

Ги заборавиле дресовите, па купувале чкарт од тезга

Економот на еден од најпознатите колумбиски фудбалски клубови, Индепендиенте Санта Фе ги заборавил гостинските дресови, па фудбалерите одиграле натпревар со два различни дресови на кои лепеле и цртале бројки.

Струшко голчиште во Премиер лигата

Швајцарецот роден во Струга, Пајтим Касами од Фулам, на гостувањето кај Кристал Палас постигна прекрасен гол во стилот на Марко ван Бастен по одличен прием, контрола и убав волеј удар.

Авионските билети за Мундијалот во Бразил изгор скапи

И да сте Јужноамериканец со многу кеш, и да имате среќа да стигнете до влезница за некој од натпреварите на Светското првенство наредната година за кое аплицираат милиони луѓе, нема да ви биде сеедно кога ќе ги чуете овие цени за да се качите во авион.

Montenegro во полн сјај

Одиграни се три натпревари од второто коло на Бизнис лигата.

Од атрактивните голови со ножички никогаш доста

Сигурно дека најубав гол на колото во Серија А заслужува да биде мајсторијата на Гуарин на ефикасниот меч Торино-Интер кој заврши 3:3. Тоа не инспирираше да направиме листа со 10 најатрактивни макази, меѓу кои секако дека е чудото на Ибрахимовиќ, но не го забораваме ниту Дејан Блажевски.

Како со дриблинг се изненадува коментатор

Не падна ефектен гол, туку младиот 21 годишен играч на Хибернијан, Абделах Зубир си поигра со двајца фудбалери на Селтик на средина на теренот. Тоа не е ништо ново од него, затоа што до скоро беше член на футсал репрезентацијата на Франција.

Роналдо не се повредува зашто се лади на -200

Не се само теретаната и исхраната рецепт за добра спортска градба. Најплатениот фудбалер во светот има една тајна која се вика Криотерапија.

Лоб автоголчиште

Фудбалерот на бразилскиот клуб Интернасионал, дефанзивецот Џексон постигна ефективен погодок со лобување на голманот, но во погрешен гол.

ФФМ ќе го враќа Пандев во репрезентацијата

Директорот на фудбалска федерација на Македонија, Петар Милошевски е изненаден од интервјуто на капитенот дадено за „Македонски спорт", ги отфрли неговите обвинувања дека националниот тим се претвовил во менаџерска репрезентација и најави деќа ќе сторат сè за да го вратат во тимот.

Извлечени бараж двојките за пласман на СП

На денешното извлекување во Цирих беа оредени двојките за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Бразил. Најинтересни ќе бидат дуелите Португалија-Шведска и Украина-Франција.

Новата технологија која ќе го промени спортот

Наскоро ќе можеме да дознаеме дали Перо Антиќ повеќе трча во вторници или саботи, кој кошаркар на Мајами следен ќе шутира или како се движат додавањата помеѓу играчите. НБА лигата ќе воведе нов начин на собирање и анализа на податоците со што ќе ни се промени начинот на кој што гледаме спорт.

Кире Лазаров повторно во тимот на колото

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров втора недела по ред е избран во тимот на колото на ракометната Лига на шампиони.

Четири поени за Антиќ во поразот од Мемфис

Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.

Динамо Минск му стана редовен пациент на Металург

Победнички викенд за македонските ракометни претставници во елитната Лига на шампиони. По високиот триумф на Вардарци на гости против Тун и екипата на Металург славеше против белорускиот состав Динамо Минск со 34:29 и ја обезбеди третата победа во групата.

Уште еден проектил од Иран

Не е некоја фудбалска земја, но ни отвора работа и ни го полни сајтот со голчишта кои ретко може да се видат и во најсилните европски лиги. Махер во ова коло е Воури Гафоури од тимот на Нафт Техран кој со бомбастичен удар му донесе бод на својот тим на една минута до крајот. Минатиот месец во истиот агол стрелаше Акбар Садеги.

Иниеста повреди играч со дриблинг

Натпреварот помеѓу Осасуна и Барселона ќе остане запаметен по киксот на Каталонците, но и по еден потег на Андрес Иниеста. Фудбалерот на Барселона го повреди противничкиот фудбалер со неговиот препознатлив дриблинг "la croqueta".

Сколс стана тренер на шестолигаш

Пол Сколс отсекогаш бил тивок, па така и овој пат во најголема тајност легендата на Манчестер Јунајтед бил тренер на англискиот шестолигаш Стелибриџ Селтик.

Цедевита му се одмазди на МЗТ

Македонскиот шампион МЗТ доживеа втор пораз во регионалната АБА лига оваа сезона, овој пат од тимот на Цедевита кој е несовладлив со четири триумфи по исто толку кола во регионалната АБА лига. Хрвватите постојано доминираа и на крајот славеа во Загреб со 77:67.

Вардар го згази Тун

Ракометниот шампион на Македонија одржа лесен тренинг во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони. Екипата на Вардар го прегази Вакер Тун на гостувањето во Швајцарија со 24:37.

Тикет на колото

Минатата недела имавме добитен тикет на колото и овој викенд ќе ја продолжиме добрата серија со натпреварите од националните првенства.

Бизнис Лига - Осврт на прво коло

На самиот старт на Бизнис Лигата на Македонија можевме да видиме дека ќе имаме доста интересно првенство во коешто ќе биде прикажан квалитетен фудбал.

Голови на неделата

Во изминатиот период паузираа националните првенства, но прекрасни голчишта видовме и на квалификациските натпревари на репрезентациите. Ова се најдобрите 10.