Вардарки го стартуваат четвртфиналниот поход

Актуелниот македонски ракометен шампион во женска конкуренција борбата за пласман во фајнл форот ја започнува против германскиот тим Турингер, меч кој е закажан за в недела со почеток од 18 часот во салата „Борис Трајковски".

Индира Кастратовиќ, Билјана Црвенковска и најдобрата ракометарка во светот за 2013 година, Андреа Лекиќ беа расположени и пријатно изненадени од големата медиумска поддршка на прес конференцијата, а истото го бараат и мечот.

„Имавме доста време да се подготвиме за време на паузата, а доволно време го анализиравме и противникот. Во недела не очекува спектакл на кој се надеваме дека заедно со публиката ќе се радуваме на победа“, изјави тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ.

Иако Турингер е најмладиот клуб во групната фаза од Лигата на шампионите кој е формиран во 2000 година, ракометарките на Вардар воопшто не го потценуваат и сметаа дека нема лесна група во оваа фаза.

„Многумина мислат дека имаме лесна група и дека сме фаворити, но тоа е така само на хартија. Турингер е незгодна екипа која игра брз ракомет. Ние сакаме да наметнеме свој ритам и да ја отвориме со победа втората фаза од Лигата на шампиони“, вели Лекиќ.

„Би ни било од голема помош, ако „Борис Трајковски“ се наполни. Сите што сакаат ракомет да дојдат и да не подржат. Се подготвуваме тактички и јас мислам дека ќе направиме добра стратегија за победа“, изјави Црвенковска.

Овој натпревар е најава за големата битка за фајнл форот во Будимпешта на кој пласман ќе изборат по две екипи од двете групи. Нашите ракометарки покрај дбовојот со Турингер, ќе се сретнат и со Митјиланд и Савехоф,

31 јануари 2014 - 14:19