Тимот од „Олд Трафорд“ со вчерашните нови три бода стигна до голема бројка од 1001 освоен бод откако англиското првенство во 1992 се преименува во Премиер лига.
Табелата ја покажува големата доминација на Манчестер Јунајтед во последните две декади на островот каде во првенството стигнал до 311 победи 68 нерешени средби и 38 порази.
„Црвените ѓаволи“ благодарение на Сер Алекс Фергусон имаат речиси двојно повеќе победи од градскиот ривал, како и 46 повеќе од сегашниот лидер на табелата во Премиер лигата.
Во изминативе 21 сезона, Јунајтед со помош на овој фантастичен скор стигнал до 13 титули. Потоа следат екипите на Арсенал и Челси кои имаат освоено по три, а Блекбурн и Манчестер Сити имаат по една титула.