Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Колекционерот на кој му фали дрес од Македонија

Запознајте го Саша Деркоп, германски колекционер кој има преку 200 дресови, а во неговата колекција му фали дрес од македонската фудбалска репрезентација. Во неговиот обид да дојде до еден, македонски репрезентативец се обидел да му го продаде за 250 евра.

Универзалните олимпијци

Некои натпреварувачи не само што се добри во своите спортови, туку ги бива и за други. Има и такви што дури освојувале медали на летни и на зимски Олимписки игри.

Отсега играме без жолти

Естудијантес и Химнасија Ла Плата се големи аргентински ривали, па нивните дуели се „вжештени" дури и на пријателски натпревари, па судијата смисли многу добар начин како да спречи евентуални повреди.

Најконтроверзните изјави на Марадона за Пеле

И двајцата се поранешни светски прваци со своите земји, Марадона еднаш, а Пеле три пати, но тешко е да се каже кој е појак. Кога ФИФА го прогласи најдобриот фудбалер за 20 век наградата отиде кај двајцата, но Марадона не сакаше да ја дели со Пеле.

Верона го освои Скудетото, Милан и Интер во Серија Б

Најголемото освежување оваа сезона во италијанското првенство е ланскиот второлигаш Верона кој покажа дека со голема компактност, мотивација и малку пари може да се стигне до доста солиден пласман барем во првиот дел од сезоната.

Гвардиола ја надмудри Барселона

Најсилното оружје на шпанскиот стратег со кое беше неприкосновен на „Камп Ноу“ му успеа и со актуелниот шампион на Европа.

Хамилтон го искрши новиот болид

Ако денот по утрото се познава, тогаш лошо им се пишува на Мерцедес и Луис Хамилтон. Британецот го искрши болидот уште на првото претсезонско тест возење во Херез, веднаш откако со клупскиот колега Нико Розберг го претставија новиот W05 модел на Мерцедес.

Тајната на успехот на Вавринка

Станислас Вавринка го изненади светот со триумфот на Гренд слем турнирот во Австралија, а неговиот успех се темели на психолошкиот пристап вграден од неговиот тренер, како и мотивацијата од една тетоважа.

Најдобро изработената асистенција

На пријателски натпревар и тоа во последните минути од мечот кога се нема повеќе свежина, дефанзивецот на Молде, Вегард Форен тргна во долг елегантен дриблинг несвојствен за одбранбени играчи и на тацна му намести гол на својот соиграч.

Што носат најдобрите

Најк го победи Адидас со 6:5 според моделот на копачки кои ги носат фудбалерите кои беа избрани во најдобриот состав за 2013-та година.

Спортистите евреи кои го преживеаа нацистичкиот режим

Германија вчера го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, а за време на требењето на сите европејци кои не и припаѓале на ариевата раса не биле поштедени ниту успешните спортски имиња и работници кои биле депортирани или морале да избегаат.

Геометријата на Баерн Минхен

Имаме скриншот кој одлично ја отсликува идејата на играта на Баерн Минхен под раководство на Пеп Гвардиола.

Нашиот шампион на Олимпијадата во Сочи

До почетокот на Олимписките игри во Сочи има уште десет дена, но ние веќе го избравме апсолутниот победник. Запознајте го принцот Хубертус вон Хохенлох.

Најсмешното од Австралија Опен

Првиот тениски Гренд слем турнир во годината ни приреди многу возбудувања, големи изненадувања, но и повеќе смешни моменти. Ова се најинтересните случувања од Отвореното првенство на Австралија.

МЗТ го сруши Партизан среде Белград

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје оствари голем триумф на „жешкиот“ гостински терен во Белград совладувајќи го Партизан во 18-то коло од АБА лигата.

Цел град го бојкотира дербито во Џенова

Ривалството помеѓу навивачките групи на екипи од ист град секогаш дека е огромно и ризично кога на програмата се игра градско дерби, но овој пат тоа донесе обединување, односно заеднички бојкот за еден од следните мечеви во Серија А.

Се повтори легендарниот слалом на Жорж Веа

Алесандро Мартинели од третолигашот Виченца постигна гол против Венеција со кој заслужено се најде во исто видео со легендарниот напаѓач на Милан.

Ужасно типстерско коло

Борусија Дортмунд, Наполи, Фиорентина, Лил, ПСЖ... долг е списокот на екипите кои викендов потфрлија и беа најмногу пцуени во кладилница и од страна на типстерите.

Денот кога навивачите се жртви на играчи со краток фитиљ

Вообичаено фудбалерите се тие кои понекогаш се соочуваат со напади од пијани навивачи кои влетуваат на терен и напаѓаат, но овој пат во акција се впушти голман од Англија.

Офсајд судија на неделата

Овој делител на правдата слободно уште од сега можеме да го прогласиме и за офсајд судија на годината, затоа што додека следел курсеви и семинари за да стане судија утнал неколку часови и не ја научил најважната лекција.

Пинг-понгот е најинтересен спорт!

До овој заклучок дојдовме деновите откако најпрвин ја откривме финтава со менување позиции, а денес го изгледавме и најдобриот натпревар во историјата на овој спорт.

Утки, утки, утки насекаде

Изминатиов викенд на фудбалските терени низ целиот свет видовме повеќе добри голчишта, но и неколку големи промашувања од кои актерите ќе се срамат цел живот.

Најдоброто од Перо Антиќ

Атланта Хокс периодов е ослабена поради отсуството на нашиот интернационалец кој се очекува на паркетот да се врати за две до четири недели, но тоа не значи дека немаме што да видиме од него.

Фудбал, дрога, секс, зебра и еспресо

Од шампион до шанкер. Така накратко може да се опише животот на Енди ван дер Мејде, еден од поранешните најголемите таленти во Европа чија кариера пропадна заради зебрата на неговата сопруга и тој сега стана специјалист за правење кафе.