Курт Лаундер, функционер
Претседателот на првата шампионска титула на Баерн Минхен од 1932 година беше сменет од функцијата поради неговото еврејско потекло. И покрај тоа што бил дел од првиот историски успех за клубот, тој не бил поштеден и два месеци живеел во логор, а потоа и депортиран од земјата.
Животот го продолжил во Швајцарија, потоа во Монако, а во 1951 година повторно се вратил на претседателската фотелја на клубот каде седел уште 10 години се до крајот на неговиот живот. Логорите беа кобни за неговите четири сестри. Минатата година Баварците го именуваа за почесен претседател на клубот.
Гретел Бергман, атлетика
Атлетичарката која на 20 години била исфрлена од германскиот спорт, заминала да студира и да се натпреварува во Велика Британија. На Олимписките игри во Берлин 1936 остварила рекорд во скок во височина, а Германците не и го признале успехот, потоа ја исфрлиле од игрите затоа што била Еврејка и на нејзино место ставиле маж кој личел на жена.
Разочараната Бергман емигрирала во САД каде добила и американско државјанство, а во потоа во два наврати станала државен првак во скок во височина. Германскиот атлетски сојуз и го призна рекордот од Берлин и ѝ го врати во 2009 година на 95 годишна возраст.
Курт Епстеин, ватерполо
Откако Германците за време на Втората Светска војна почнале да освојуваат туѓи територии, една од нивните мети бил и Курт Епстеин кој ја преставувал ватерполото селекцијата на Чехословачка на Олимпијадите во Амстердам и Берлин.
Ватерполистот завршил во Аушвиц заедно со целата своја фамилија и бил единствениот кој преживеал, а потоа пребегал во САД.
Мирослав Слама, хокеј
Не бил евреин, но бил голем противник на нацистите и успеал да го преживее концетрациониот логор Терезиенштадт во 1944 година. По четири години на Зимските Олимписки игри во Сент Мориц со селекцијата на Чехословачка стигнал до бронзата на натпреварите во хокеј на мраз.
Бен Хелфгот, кревање тегови
Во 1939 година Германија под водство на Хитлер направил инвазија во Полска со што бил и означен почетокот на Втората Светска Војна. По три години депортиран од оваа земја бил Бен Хелфгот кој заедно со својата сестра биле единствените преживеани за време на нацистичкиот режим.
Избегал во Велика Британија и ја претставувал во дисциплината кревање на тегови на Олимпијадите во Мелбурн 1956 и Рим 1960. Тој е еден од најпознатите преживани сведоци на војната кој држи разни предавања во школи и спортски установи. Беше поканет на ОИ во Лондон 2012 и награден со титулата Баронет.
Елка Де Леви, гимнастика
Освојувачката на златен медал на Олимпијадата во Амстердам 1928 година е единствената преживеана еврејка од тимот на гимнастичари откако во 1940 година Нацистите ја освоиле Холандија и во депортацијата ги заробиле сите нејзини колешки заедно со тренерот.