Шокантната вест од која непријатно се изненади италијанската јавност се случи на младински фудбалски натпревар во Гросето за деца од 15 години, а во овој пример дефинитивно го имаме најнечовечниот фудбалски судија.
Откако при еден опасен судир на двајца противнички играчи едниот паднал на земја и не се помрднал, тренерот на Гросето Клаудио Бузо веднаш влетал на теренот, му викнал на судијата да го прекине мечот и му дал прва помош на онесвестениот фудбалер.
По кусо време пристигнала и амбулантно возило со кое играчот бил пренесен во болница. Неговата состојба била стабилна, но поради големиот шок бил под надзор на лекарите пет дена.
„Се судрија на 10 метри од мене и јас веднаш истрчав, а истовремено викав и по судијата кој не сакаше да го прекине мечот. Како човек и татко мислам дека здравјето на децата е пред секое правило во фудбалот. Не смее никој да ми каже да се тргнам настрана во една ваква ситуација кога некој лежи онесвестен на терен“, вели тренерот Бузо.
И наместо со признание, тренерот бил "награден" со црвен картон со образложение дека не добил дозвола од судијата за да влезе на терен, а капак на се е тоа што дисциплинската комисија го казни со суспензија од 45 дена.
Случајот бил предмет на расправа и во италијанскиот парламент, а двајца пратеници побарале реакција и строги санкции од министерот за спорт.
Другите офсајд ликови можете да ги видите тука.