Капитенот на англискиот нисколигаш Гул, Карл Колеј е вистинска реткост со својата постапка. За време на првенствен натпревар тој не успеа да ги издржи довикувањата од еден навивач на домашниот тим па реши директно да му врати со ќотек.
Тој го напушти својот гол и разлутено се качи на трибината за да се пресмета со навивачот, но раководните луѓе на Гул решија да не го поштедат и го отстранија од екипата.
Ова не е прв ваков негов испад. Пред една година додека настапувал за тимот на Белпер за време на тренинг му се нафрлил со боксови на еден од своите соиграчи.
Интересно е што на истиот ден пред точно 19 години жртва на нервозните играчи беше навивач на Кристал Палас кој беше нападнат со кунг фу удар од страна на славниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона.