Голема победа на МЗТ против шампионот на АБА лигата! Македонскиот шампион МЗТ Скопје го совлада евролигашот Партизан со 66:73 пред 6.000 гледачи во салата Пионир во Белгра.
Кошаркарите на МЗТ Скопје се држеа во игра, а на моменти беа и во предност се до првата половина од вториот период кога со серија од 9:0 Партизан направи предност од +7 (23:16).
Но тоа беше единствен момент кога МЗТ му дозволи на противникот да се одвои на толкава разлика. На паузата Партизан замина со предност од 34:31, а во вториот дел и двете екипи продолжија со грешките и слабата ефикасност.
Ваквата игра им одговараше на кошаркарите на МЗТ кои во третата четвртина направија пресврт и го диктираа темпото на игра. Ослабениот Партизан играше конфузно, а избраниците на Зоран Мартич ја контролираа играта со добра игра во одбраната и добар шут за три поени.
Неизвесноста продолжи и во последните минути, но МЗТ не го испушти водството и на крајот ја оствари осмата победа по 18 одиграни кола во Јадранската лига.
Одличниот Гечевски со 19 поени и 13 скокови беше предводник на МЗТ, а со двоцифрен број на поени беа и Синовец (12) и Лучиќ (11).
Во сабота во СЦ „Борис Трајковски“, МЗТ Скопје ќе ја пречека екипата на Мега Визура.