Темата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња веќе години и години се води помеѓу овие двајца Јужноамериканци, а најголемата тензија во медиумите околу ова прашање ја држеше контроверзниот Диего Армандо Марадона кој мрази да го споредуваат со други легенди.
Пеле е мирно човече кој никогаш не се излетувал со разни изјави интересни за јавноста, но затоа ривалството од секогаш го одржуваше Аргентинецот кој не престана да јаде гурабии за трикратниот светски шампион.
„Луѓето гласаа за мене и сега некој сака да ја делам наградата со Пеле? Не ја делам со никој“.
-Реакцијата на Марадона кога ФИФА во 2000 година и двајцата ги прогласи за најдобри играчи на векот.
„Земал погрешни апчиња. Наместо да ги земе тие за пред спиење, тој погрешил и ги земал тие кои му служат за наутро. Го советувам наредниот пад да ги земе вистинските лекарства и потоа да си го смени докторот“.
-Кога Пеле рече дека Нејмар е подобар играч од Меси.
„Зошто ме споредувате со Пеле? Мајка ми ми рече дека сум појак и дека тој играл со фудбалери кои не можеле ни да одат“.
-Одговор кога видел во кое друштво се наоѓа кога аргентинскиот весник El Pibe направил листа со најдобри спортисти.
„Кога Кристијано Роналдо годинава ја прими наградата за „Златна топка“ Пеле го изговори неговото име како Кристијано Леонардо. Тоа доволно покажува каде припаѓа“.
-Изјавата на Марадона по завршувањето на церемонијата во Цирих.
„Господе Боже тоа е толку глупаво, па Нејмар можеби е најдобриот играч во светот, но само ако кажеме дека Меси е од друга планета“.
-Марадона повторно му аплицира на Пеле на истата тема за Нејмар.
„Добрата работа кога зборуваме за Меси и мене е тоа што во ФИФА има обоен човек кој не е среќен кога ние си правиме муабет“.
-Марадона мисли дека Пеле е љубоморен кога критичарите зборуваат за тоа кој е најдобар Аргентинец на сите времиња.
„Не можете да го обвинувате човекот, па тој не прави ништо во изминативе 20 години. Јас не сум го видел ниту во супермаркет, навистина не знам што прави“.
-Марадона го брани својот сонародниот Меси за кој Пеле изјави дека никогаш нема да биде толку добар како него.
„Вообичаено кога го гледате деновиве, тој постојано е на некои свечени церемонии седнат до претседателот на ФИФА и изгледа како кукла кој го поместуваа со далечински управувач“.
-Го обвинува дека му е како играчка на Блатер.
„Кога се случи трагедијата со тимот на Того, извесен обоен господин кој го носеше дресот со број 10 не веруваше дека Мундијалот може да се игра тука. Но Јужна Африка му одговори, да може, светското почнува“.
-Го критикува Бразилецот кој се сомневаше дека Јужна Африка е способна да биде домаќин на еден Мундијал.
„Што сакате да кажам, тој дебитираше со момче“.
- Откако Пеле рече за него дека е лош пример за младите поради неговата историја со дрогата, следеше најконтроверзниот одговор во 2009 година кога рече дека Пеле како тинејџер имал врска со момче.
Најголемата и најважната разлика помеѓу Пеле и Mарадона е тоа што јас имам респект кон сите фудбалери, а Пеле тоа го нема во себе, тој е пријател со луѓето кои го менаџираат фудбалот. Јас не се дружам со нив, туку со играчите“.
-Го обвинува дека е дел од елитата, за разлика од него кој тврди дека е народен човек.
„Во 2000 година ја добив наградата на фудбалер на векот благодарение на луѓето, а Пеле беше втор. Тој исто така заврши на втората позиција и во изборот за најдобар спортист во Бразил зад Аиртон Сена. Наградата која му ја даде ФИФА е срање“.
-Диего Марадона го обвини Пеле дека не е толку ценет и во Бразил и дека наградата од ФИФА која ја добил немала кредибилитет.