Математиките покажуваат дека тимот со најголем посед на топка во Европа не е Барселона, туку Баерн Минхен со просек од 71,1%. Пеп Гвардиола успеа со Баварците да ја оствари оваа доминација која долго време ја имаше со Каталонците кои сега се наоѓаат на втората позиција.
Трет е ПСЖ, а изненадувачки со 60,7% посед на топка во просек се и фудбалерите на Рајо Ваљакано и тоа исто колку што има Реал Мадрид. Неочекувано во ова друштво на големи екипи се наоѓаат и премиерлигашите Свонси и Саутемптон.