НБА за инает на НФЛ

Во недела во Њу Џерси ќе се одигра Супер Боул натпреварот од НФЛ лигата, а НБА тоа добро го искористи и закажа супер интересен натпревар во комшии.

Интересот за влезници за Супер Боул натпреварот оваа година е неверојатно низок заради повеќе фактори, помеѓу кои се и стравот од лошото време, како и неатрактивноста на екипите кои немаат многу навивачи.

Но за американските љубители на спортот со подлабок џеб кои сакаат да гледаат интересен натпревар викендов и сакаат да бидат бидат видени, на другата страна од реката имаат настан организиран баш како за нив.

За да не паднат во сенка на НФЛ, но и за да ја искористат целата галама за Супер Боул во Њујорк и Њу Џерси, челниците на НБА лигата им закажаа на Леброн Џејмс и колегите од Мајами гостување кај Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден и тоа во сабота навечер.

Оваа сала секогаш е полна со познати фаци, но викендов областа ќе биде преполна со вакви ликови заради Супер Боул натпреварот, па НБА добро ќе го искористи нивното присуство.

Влезниците за натпреварот помеѓу Њујорк и Мајами се продаваат со огромна брзина, а помеѓу најбараните се оние во првите редови каде познатите фаци можат да бидат уловени од камерите.

Колку за споредба, најскапите влезници за овој НБА натпревар чинат 10.500 долари, а најскапите влезници за Супер Боул дуелот, најважниот годишен настан во НФЛ лигата се само малку поскапи, односно чинат 11.500 долари.

31 јануари 2014 - 11:20