Најголемите симуланти на повреди ќе играат во аматерска лига

Се сеќавате ли на случката на италијанското дерби на срамот? Епа дисциплинската комисија на фудбалската федерација актерите “ги почести“ со најсочни казни и ги исфрли од лига.

Пред скоро три месеци во Италија се одигра најскандалозниот дерби натпревар помеѓу Салернитана и Ночерина во третата лига на кој поради безбедносни причини не беше дозволено присуство на гостински навивачи.

Но тие тоа воопшто не го примија лесно и на средбата со фудбалерите на Ночерина пред хотелот каде што престојуваат им се заканија со смрт во случај да се појават на терен.

Стравот на гостинските фудбалери тие го изразија преку протест со задоцнето појавување на теренот, а по 20 минути судијата мораше да го прекине мечот затоа што Ночерина веднаш ги направи сите три измени, а потоа петмина фудбалери симулираа повреди и тимот беше преполовен.

Реакцијата на дисциплинската комисија ни малку не беше нежна во одлуката околу казните. Сите петмина симуланти се суспендирани во период од една година, а претседателот, директорот, лекарот и двајцата тренери на Ночерина ќе паузираат во фудбалот три и пол години.

Клубот доби парична казна од 10.000 евра, а од третата лига е исфрлен во Серија Д „Националната лига на дилетанти“ која  е петта по ранг и во која се натпреваруваат аматери.

Ова е прва ваква казна во Италија за екипа која заплашена од своите навивачи го примора судијата да го прекине дербито за само 20 минути. Од клубот најавуваат дека веднаш ќе поднесат жалба до федерацијата.

29 јануари 2014 - 14:39