Offside

Британскиот спринтер Ромел Глејв (26) е нов европски шампион откако славеше на трката на 100 метри на Европското првенство во Бирмингем. Пред домашната публика Глејв стигна до златниот медал што е негов најголем успех во кариерата. Трката ја одбележа и повреда на големиот фаворит за злато Ламонт Марсел Џејкобс од Италија.

Патот на олимпискиот медал

Од моментот кога пристигнуваат во Сочи со вооружено обезбедување, до предавањето на пиедесталот.

„Крофните“ повторно дозволени во Формула 1

Челниците на ФИА им дозволија на возачите во Формула 1 да ги прославуваат победите со популарните „крофни" на патеките.

Дал да збеснам ил да лежам

Бубакар Бери од белгискиот голман Локерен беше најзбунетиот голман овој викенд. По сударот со фудбалерот на Гент, тој не беше сигурен дали треба да биде бесен или повреден.

Некој вечер ќе слави роденден

На една божиќна забава во друштво на претседателите на Милан, Лацио, Парма...ептен по играњето да ти бил газдата на Џенова, Енрико Прециози. Меѓу нив тензија држи и рокерот на гитара, Масимо Челино, но ние овие снимки ги објавуваме во чест на Прециози кој денеска полни 66 години.

Разликата помеѓу Сити и Барселона

Нема подобар старт од вечерашниот во осминафиналните пресметки од Лигата на шампионите со кои малку ќе ги разбиеме снежните лудории во Сочи. Судир на два големи гиганти. Споредба во трофеи: 87:15.

Кога кошарката руши бариери

Екипата на Филаделфија Севентисиксерс потпиша договор до средношколец со Даунов синдром.

Го знаете ли вие тарзан?

Чилеанскиот тим Спорт Уанкаио неодамна го назначи за нов тренер аргентинскиот стратег Даниел Кордоба. Сериозен човек во години, кој пред камерите е спастрен, а на тренинзите строго црвена гаќа.

Малерка на колото

Батали кладилниците Сандро, фати мотика и работи си ја бавчата.

За кладилничарите на кои им прпа од УЈП

Новата година за комарџиите не се покажа баш среќна, затоа што добивките од кладилница почнаа да ги делат со државата. Еве чаре како да не дознаат даночниците кога фаќате пари.

Тренерски мајмунлук

Се запишуваш на фудбал, даваш пари, едвај чекаш да дојде делот кога ќе се игра фудбал и потоа тренерот мртов ладен те дупчи пред сите. Штета што нема продолжение од клипов за да видиме што се случило откако малиов се дрза да му отиде на фејс ту фејс.

Мега пресметка на стадионот „Итихад“

Фудбалскиот празник во елиминационата фаза од Лигата на шампионите може да започне. Фудбалерите на Манчестер Сити за противник во деби осминафиналниот меч ја добија Барселона, додека Баер Леверкузен ќе се соочи со силниот ПСЖ.

Историјата на олимпискиот допинг

Фер-плејот и етичкото однесување се дел од фундаменталните принципи на Олимпизмот, но отсекогаш постоела по некоја „црна овца" која се има запишано во историјата на Олимписките игри со допинг скандал, а не со освојување на медал.

Приказните зад прекарите на Бразилците

Бразилските фудбалери се прочуени по нивните вештини, но и познати по прекарите по кои ги знаат љубителите на фудбалот наместо нивните долги имиња.

„Сантијано Бернабеу“ пред 40 години

Победата во едно дерби е најслатка, а уште повеќе кога е изразена со повеќе голови. На денешен ден пред точно четири децении висок и болен пораз му се случи на „Кралскиот тим“ во „Ел Класико“ и тоа пред своите навивачи.

Русите местат медали во Сочи?

Повеќе медиуми, спортисти и официјални лица ги обвинија организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи дека наместиле неколку трки во санкање и скелетон откако руските натпреварувачи освоија медали во овие дисциплини.

Ова се вика тимска игра

Играчите на Бока Јуниорс на натпреварот против Белграно покажаа како изгледа една компјутерски точно изведена акција според фудбалски учебник. Стрелец на голот беше дефанзивецот Хуан Форлин.

Клубот од емигранти почна да испишува своја историја

Фудбалот не го обединува светот на едно место само за време на светските првенства. Тој може да спои луѓе кои со слични судбини се нашле на едно место од каде потоа заедно се обидуваат да го заборават минатото и да станат важен дел од фудбалската мапа.

Велемајсторија во 93 минута

Марио Балотели не е единствениот јунак ова коло. Во последните секунди на натпреварот помеѓу Круз Азул и Пуебла во Мексико, Марко Фабијан му донесе победа на домашниот тим со можеби најатрактивниот гол на колото на кој му претходеше извондреден прием на топката.

Инвазија на кучиња

На натпреварите во Јужна Америка викендов имаше натрапници на теренот. Едното се појави во Бразил, а другото во Аргентина.

Ол стар спектаклот во знакот на Истокот

Најатрактивната кошаркарска ноќ во годината по пауза од три години и припадна на Источната конференција која по негатива од 18 поени успеа да направи пресврт и на крајот да триумфира со 163:155. МВР признанието отиде во рацете на Кајри Ирвинг.

Вардар лесно го мина аутсајдерот Вакер Тун

Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.

Бод за Металург во последна секунда

Ракометарите на македонскиот вице-шампион Металург се изборија за реми на гостувањето кај Динамо Минск со гол од пенал во последната секунда.