Францускиот претседател агитира за омилениот клуб

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд се обиде да го искористи неговото влијание за да убеди еден играч од неговиот омилен тим да не си замине ова лето.

Франсоа Оланд е голем навивач на Олимпик Марсеј, па и тој како секој друг обичен навивач на овој клуб бил загрижен по гласините дека нивната ѕвезда Метју Валбуена ќе се замине ова лето.

Но Франсоа Оланд не е само обичен навивачи, туку тој е и претседател на Франција, па се обидел да го искористи неговото влијание и лично му се јавил на Валбуена.

„Точно е. Франсоа Оланд ми се јави и побара да останам во Марсеј", потврди Валбуена за француска телевизија.

Главни кандидати за потписот на фудбалерот од средниот ред се Арсенал и Ливерпул. Се шпекулира дека тие се подготвени да платат 10 милиони фунти.

2 јуни 2014 - 11:08