Најмногу голови на досегашните 19 Светски првенства биле постигнати во Швајцарија во 1954-та година кога на 26 натпревари биле постигнати 140 погодоци, односно по дури 5,38 на натпревар.
Најмалку голови паднале на Светкото првенство во Италија во 1990-та година. На 52 натпревари биле постигнати 115 гола, што е 2,21 по натпревар.
Анализата на статистиките покажува дека просекот на постигнати голови значително опаѓа низ годините, а посебно на последните шест Мундијали.
По СП во Италија, следното првенство со најмалку погодоци беше последното во 2010-та кога на 64 натпревари беа постигнати 145 гола или 2,26 на натпревар.
На СП во 2006-та во Германија на 64 натпревари беа постигнати 147 гола (2,29 на натпревар). На Мундијалот во Јапониј и Јужна Кореја во 2002-та година на 64 натпревари паднаа 161 гол, односно 2,51 во просек.
Во 1938-та на СП во Франција биле постигнати по 4,67 гола на натпревар, на Мундијалот во Италија во 1934 по 4,12, а минатиот пат кога се играше Светско првенство во Бразил во 1950-та година беа постигнати 88 гола на 22 натпревари или точно 4 по натпревар.
Скоро на секое следно првенство бројот на голови значително опаѓа, па на СП во САД во 1994-та година беа постигнати 2,71, а по четири години во Франција беа постигнувани по 2,67 гола на натпревар.