Топката која се користеше на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија во 2002-та година беше премногу лесна и многу отскокнуваше, топката од Германија во 2006-та година беше лизгава, а „Џабулани" која се користеше во 2010-та година беше критикувана заради непредвидливото движење.
Адидас по 12-ти пат ќе ја прави топката за Светско првенство и најверојатно конечно ја погоди „Бразука". Ја тестираа повеќе фудбалери и научници и за сега нема ниту една критика.
Нормалната „бубамара" е направена од 32 парчиња кои се залепени или зашиени меѓу себе. Топката од 2006-та година имаше 14, а Џабулани 14. Бразука е составена од само 6. Токму во ова револуционерно решение од 6 идентични парчиња кои се составени термички и имаат голем број на мали нерамнини е тајната на успехот на Бразука.