Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Снајдер им диригираше на навивачите на Галатасарај

Холанѓанецот има посебен однос со турските навивачи, а тоа го покажа по мечот против Карабукспор кога се појави сам на терен за да ја прослави победата со нив.

Асистенција на живиот ѕид

Хавиер Моралес од Аргентина сигурно за прв пат во кариерата постигнува ваков гол. 35 годишниот член на Реал Солт Лејк му донесе победа од 1:0 на својот тим против Сан Хозе, а во МЛС лигата падна ретко виден гол кога живиот ѕид случајно ќе ти ја даде на тацна.

Мејведер против Пакијао ќе џвака 25.000 долари

Најбогатиот боксер има толку многу пари што почна да си ги бута во уста. Буквално.

Напаѓачите сакале автобусот на Фенербахче да заврши во море

Турскиот фудбал е суспендиран на една недела, откако викендов снајперист пукаше во автобусот на Фенербахче и го погоди шоферот.

И Лиса Ан го пречека Пол Џорџ во Индијана

Една од најпознатите порно актерки, по пензионирањето, сè почесто во живо ги следи кошаркарските натпревари на нејзината омилена франшиза, Индијана Пејсерс. Така беше и вчера, кога на голема сцена се врати Пол Џорџ.

Црниот хумор на Варвари Подгорица

Фрлањето бубрези, пиперки, тениски топчиња и смрдлива риба за навивачите на Будуќност од Подгорица се само навивачки декор и подгорички хумор, ништо повеќе од тоа. Свесни се дека претераа во борбата со Душко Вујошевиќ, но немаат намера да прекинат.

Роналдо има 300 или 299 голови за Реал?

Фудбалерите на Реал Мадрид викендов со 9 голови ја наполнија Гранада, а во центар на вниманието е Кристијано Роналдо на кој му честитаа јубилеј кој сè уште го нема достигнато.

Најдрагоцениот трофеј на Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер во светот кој го држи тронот 141 недела, на вчерашното финале во Мајами го победи Мареј со 2:1 и стигна до 51. трофеј во кариерата. 

Русин удри на Русин во Тула

Навивачите на московскиот Торпедо на кратко го прекинаа мечот со Арсенал во градот Тула, откако ја срушија оградата и се степаа со домашните навивачи и полицијата. Натпреварот продолжи и го доби Торпедо 3-1, а 15 гостински хулигани биле уапсени во нередите.

Голот на Чарли Адам не е од најдалеку

Откако фудбалерот на Стоук Сити го замрзна Стемфорд Бриџ со изразмнувачкиот гол од 60 метри, англиските медиуми копаа по историјата на Премиер лигата, за да видат кој гол е постигнат од најдалеку. Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ пред две години даде од гол на гол.

Првиот православен христијанин кој стана капитен на Иран

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Болтон и Фулам, Андраник Тејмуриан е нов капитен на иранската фудбалска репрезентација, по пензионирањето на Хавад Некунам од Осасуна.

Судија мене ли најде?

Во дербито меѓу Велез Сарсфилд и Арсенал Саранди во Аргентина, сè беше во ред до 58. минута, кога судијата донесе една, па друга одлука и ги збуни сите на теренот и стадионот воопшто.

Харден го до доби МВП дуелот со Вестбрук, негативен рекорд за Лејкерс

Џејмс Харден постигна 41 поен во триумфот на Хјустон Рокетс над Оклахома Тандер 115:112. Пол Џорџ се врати на теренот, а трипл-дабл учинок имаше Леброн Џејмс.

Јапонскиот Тони Мицевски се јави со гол

Сер Алекс Фергусон стана тренер на Манчестер во 1986 година, а пред две години рече доста е. Во истата година Казујоши Миура почнува со фудбалска кариера во Бразил и нема абер да оди во пензија.

Мајсториите на Лекиќ против Ѓер

Најдобрата светска ракометарка во четвртфиналниот меч на Вардарки асистираше со лажни очи, покажа пожртвуваност во одбрана во последната минута, а го направи и најатрактивниот потег на мечот кој не потсеќа на головите на Дибиров и Манасков.

Осврт на шеснаесеттото коло на Бизнис Лигата

Како што се ближи крајот на регуларниот дел на Бизнис Лигата на Македонија, така се е понеизвесен влезот во првите 8 екипи кои во Ф8 ќе се борат за освојување на шампионската титула.

Реал даде 7 гола за 55 минути, Роналдо 3 за 8 минути

Кралскиот клуб за последен пат даде седум голови за помалку од еден час во 1960-та година, во триумфот над Елче од 11-2. Денес за 55 минути, Кристијано Роналдо и другарите ја наполнија мрежата на Гранада. Португалецот за прв пат во кариерата даде пет голови на еден меч, од кои три за осум минути.

МЗТ Скопје - Фени од 19:00 и Марсеј - ПСЖ од 21:00

Спортската програмска шема за недела нуди фудбал од најдобрите европски лиги, кошарка и ракометен дуел од Лигата на шампионите.

Атланта си поигра со Бруклин Нетс за 57 победа во сезоната

Перо Антиќ одигра 15 минути против Бруклин, доволно да постигне 9 поени и еден дефанзивен скок. Во дербито на вечерта, Голден Стејт го победи Далас Маверикс за 12-та победа по ред пред плејофот.

Европскиот шампион се поклони во Скoпје

Осум години Ѓер игра во полуфиналето на Лигата на шампионите, има четири финалиња и две титули. Сепак бројките не важат во Јане Сандански, каде ракометарките на Вардар вечерва го скротија актуелниот европски првак 24:18. Реваншот е за седум дена во Унгарија.

Борусија – Баерн во 18:00 и ЖРК Вардар – Ѓер во 19:00

Дерби во Италија, Германија и Англија, женско тениско финале во Мајами, ракометно четвртфинале со Вардарки е дел од денешната богата спортска понуда на тв.

Реџи Џексон шутна “бугарски“, Ентони Дејвис му се намерачи на кошот

Црногорецот Никола Вучевиќ оствари нов личен рекорд од 37 поени на дуелот против Минесота, Џон Вол од Вашингтон за прв пат изброја 18 асистенции на еден меч, а со забивање се пофали Биомбо од Конго.

Ѓоковиќ, лесно и елегантно

Најдобриот светски тенисер го збриша Американецот Џон Иснер и обезбеди ново финале на турнирот во Мајами против Енди Мареј. на кој ќе брка 22 Мастерс титула. Ова е ризикот кога ќе му играш на мрежа.