Фудбалерот од средниот ред го засили Атлетико Мадрид од Галатасарај во летото 2011 година и освои пет трофеи под водство на тренерот Диего Симеоне. Лига Европа и Европски Супер Куп во 2012 година, Шпански Куп во 2013-та и Ла Лига и Шпански Супер Куп во 2014-та.
Во трка за него беше и Челси, но Барселона и покрај тоа што има забрана за трансфери, успеа да го доведе Турчинот за сума од 25 милиони фунти. Тој ќе има право на настап од јануари 2016 година.
На јутјуб денеска се појави и видео на кое Туран игра табла на отворање на Луна парк во Турција.