Бомба кашикара на белградска Маракана

На кровот над источната трибина од Маракана, по ново стадион Рајко Митиќ во Белград утрово полицијата пронашла стара, неактивирана бомба. Звезда вечерва игра против Каират во 1. коло од квалификациите за Лига на Европа.

Како што пренесува Мондо.рс, бомбата е пронајдена во редовната контрола пред вечерашниот дуел меѓу Црвена звезда и Каират, поради што се затворени билетарниците на стадионот.
 
Од клубот не сакале да зборуваат за случајот и ги упатуваат медиумите кај полицијата. Информативните служби на српското МВР изјавиле дека полицијата спроведува редовни активности пред вечерашниот меч и дека немаат никакви информации за бомбата.
 
Порталот Блиц во веста за бомбата на Маракана прашува како досега после толку рутински контроли не е пронајдена бомбата. Од друга страна, управата на Црвена звезда за денес пред мечот со казахтанскиот Каират закажала Собрание на УО, но по веста за бомбата истото е одложено на неодредено време поради „недоволен кворум“.
 
На северната трибина од стадионот Рајко Митиќ се собираат Делиите, па токму од таа причина полицијата често го чешла подтрибинскиот и надтрибинскиот простор на оваа трибина. Целта е да се запленат пиротехнички и други материјали кои би можеле да доведат до суспензија на клубот ако се фрлаат на терен.

2 јули 2015 - 12:07