Дортмунд продал 7.500 нови дресови за една вечер

Борусија Дортмунд е клуб кој има најголема посетеност во Германија, сезонските карти им одат како алва, а права борба имало и за новиот сезонски дрес на Милионерите.

Продажбата на новите дресови ги надминала сите очекувања, затоа што во првиот ден од почетокот на продажбата дури 7.500 навивачи купиле дрес. Маркетинг директорот на Дортмунд, Карстен Крамер ја потврди оваа информација и се заблагодари на сите што купиле нов дрес.

„Не очекувавме ваков неверојатен старт на продажбата на новиот дрес. Ова ги надмина сите наши очекувања“.
Во вторникот вечерта, половина час пред почетокот на продажбата, околу 350 навивачи на Дортмунд чекале пред FanWelt клубот кој отворил пред полноќ.
 
Цената за домашната варијанта на дрес, втората варијанта како и голманскиот дрес изнесува 79,95 евра. Црната варијанта на гостинскиот дрес нема да се смени од минатата сезона и уште може да се набави за 74.95 евра, велат од Дортмунд. Имиња од играчите и броевите за штампање на дресовите се по 10 евра, колку што чинеле и лани.
 
Брканица за дресови уште првата вечер: