Солзи, срам и бламажа во кариерата на Тијаго Силва

Кариерата на Бразилецот е исполнета со голем број на трофеи, вкупно 13. Победата на туберкулозата добиена за време на престојот во Русија додека бил член на Динамо Москва му дало поттик да стане еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Скротениот ѕвер

Додека играл во Флуминенсе Тијаго Силва го добил прекарот „Ѕверот“. Во осмина финалето на минатото СП против Чиле, Силва барал да биде последен изведувач на пеналите со што бегал од одговорност. После тоа довербата во капитенот на Бразил почна да слабее. Со голот против Колумбија во четвртфиналето се извади од направеното против Чиле, но наивно добиениот жолт картон го чинеше не играње во полуфиналето.

Кога Дунга стана селектор прво што направи му ја одзема капитенската лента и му ја даде на Нејмар. Но тоа не е сè, Силва беше преселен на клупа, неговото место го заземаа Миранда и Давид Луиз.

„Се чувстувам како да ми е одземено нешто што ми припаѓа мене, затоа сум тажен. Нејмар не дојде ниту да зборува со мене и тоа не го стори никој од репрезентацијата. Тоа е она што ме вознемири”.

На овој коментар Дунга одговори:

„Го почитувам сечие минато, но исто така очекувам и играчите да ја почитуваат дисциплината. Јас и мојот тим сме тие што одлучуваат како ќе игра Бразил и кој ќе игра”.

Настапите на Тијаго Силва на пријателските мечеви против Франција и Чиле може ќе ја вратат довербата кај Дунга. На отварањето на Копа Америка по грешката во одбрана на Давид Луиз, Силва беше вратен во првиот тим. По голот против Венецуела славјето го насочи кон Нејмар кој седеше на трибините, со тоа како да сакаше да каже дека сите проблеми се заборавени.

Минатото никогаш не умира

Против Парагвај во четвртфиналето на Копа Америка по нафрлувањето на Дерлис Гонзалес, Тијаго Силва во стил на одбојкар ја смечуваше топката и направи пенал. Тоа беше сличен пенал како оној од мечот меѓу ПСЖ и Челси сезонава.

Централниот бек како и лани против Чиле на Светското, така и сега на Копа Америка не беше дел од првите пет изведувачи на пеналите против Парагвај. По поразот на пенали тој имаше расправија со Робињо, Даглас Коста и Фелипе Луис.

Јавноста во Бразил смета дека без оглед на неговиот квалитет, тој бега од одговорност во најважните моменти, и неговото време во репрезентација можеби ќе заврши.

Чекањето нема да се исплати

По се изгледа дека и Силва и Луиз ја изгубија довербата кај Дунга по завршувањето на Копа Америка. Еден играч кој гледа позитивно на ситуацијава е нивниот соиграч од ПСЖ и колега од репрезентацијата, Маркињос и новиот играч на Интер Миранда. Дунга на нив гледа како иден тандем во одбраната на Кариоките.

Прогонуван

Силва имаше шанса да го води Бразил на СП, како и во финалето на ОИ во Лондон. Тој не успеа да направи ништо во два наврати. Неговата популарност во Бразил опадна, но на Паркот на Принцовите е многу ценет капитен. Бразилците по се изгледа ќе се откажат од неговите услуги ако сакаат да одат напред, па истото ќе мора да го направи и ПСЖ доколку не сакаат да го изгубат Маркињос.

Извор: fourfourtwo

2 јули 2015 - 17:51