Младиот Бернар Жуниор Маланда Аџе седел на задното седиште од автомобилот кој излизгал од патот и удрил во дрво. Несреќата со Маланда се случила во регионот Порта Вестфалика, дента кога Волсфбург тргнал на подготовки за пролетниот дел од сезоната.
Жуниор Маланда беше роден на 28. август 1994. година во Брисел и важеше за еден од најталентираните белгиски млади фудбалери. Играше како дефанзивен играч од средниот ред.
Денес, на Фолксваген Арената, „Волците“ ја повлече 19-та од употреба во чест на Жуниор Маланда. Волсфбург сезонава беше најпријатно изненадување во германскиот фудбал, затоа што после серија победи на крајот заврши пред Борусија Менхенгладбах, Баер Леверкузен и Аугзбург по што обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.