Приказната за Јовиќ
Во време кога многу таленти од Балканот си заминаа во странство за мали пари, Црвена Звезда ги одби засега сите понуди за младиот играч. Клупскиот директор Звездан Терзиќ за Лука изјави: „Јовиќ ке биде најдобриот напаѓач во Европа”.
Младиот играч на Звезда веќе има срушено неколку рекорди. Дебитираше за Звезда со 16 години, 5 месеци и 5 дена против Војводина во Нови Сад. Со гол постигнат на овој натпревар стана најмлад голгетер во Звезда рушејќи го рекордот на Дејан Станковиќ. Истата година во октомври Јовиќ стана најмладиот играч кој има настапено во градското дерби на 16 години, 9 месеци и 25 дена. Претходно приматот го држеше Дејан Миловановиќ со 17 години и 6 месеци.
Што треба да знаете за него
Во време кога играчите мислат дека се бренд и ги копираат славните, Јовиќ изгледа природно за своите години. Тој носи едноставна фризура и се облекува пристојно со што може лесно да го помешаат со другите тинејџери на белградските улици.
Сепак не може да се каже дека неговата кариера е без контроверзии, има неодговорени прашања колку Црвена Звезда го поседува овој играч.
На крајот од мината сезона, дел од правата на играчот беа дадени на агентот Фали Рамадани и неговата Lian Sports Agency за договор вреден околу 1 милион фунти. За контроверзното продавање на играчи на агентот Рамадани, српската полиција го гонеше спортскиот директор Терзиќ 3 години.
Поради повреда на коленото Јовиќ го пропушти Светското Првенство што се одржа во Нов Зеланд на кое Србија стана Светски шампион. По повредата тој беше дел од припремите на тренерот на Звезда Миодраг Божовиќ за отворањето на квалификациите за Лига Европа.
Неговата позиција
Јовиќ е комплетен напаѓач кој преферира да игра најмногу околу пеналтикот. Неговите движења без топка се импресивни, умее да игра и со левата и десната нога. „Ние го бараме новиот Фалкао” тврди Терзиќ, иако сите на Маракана го споредуваат со Дарко Панчев, херојот на Звезда во освојувањето на Лига на Шампиони во 1991.
Слаби страни
Премногу е рано да кажеме за неговата игра мината сезона, но промашувањето на ЈНА во дербито против Партизан беше една од причините за губењето на ланската титула. Партизан победи на тој меч, а со тоа и не ја изгубија предноста пред Звезда во борбата за титулата, но се ќе се променеше доколку Јовиќ израмнеше.
Критиките за овој млад играч се неправедни, Јовиќ не е напаѓач кој може да се обвини за слабата игра во првиот дел од сезоната, иако во вториот дел ја поправил својата игра.
Дали сте знаеле?
Гордоста на Маракана за малку ќе станел играч на лутиот ривал Партизан. Додека играл за репрезентација, Јовиќ кој е роден во Босна бил забележан како игра на младински турнир, а Црвена Звезда му плаќала секоја недела превоз до Белград. На турнирот имало и луѓе од Партизан кои контактирале со татко му и понудиле договор, но сепак Јовиќ ја сакал Звезда и ги одбил црно белите.
Што се случи следно?
Црвена звезда минатото лето одбила понуда вредна 2 милиони фунти од Атлетико Мадрид. Овие пари малку ја раздрмаа управата со оглед на долгот на Звезда кој е околу 27 милиони фунти. Директорот Терзиќ за Б92 изјави:
„Со продавањето на Јовиќ ќе се олеснат нашите финансиски долгови, но ја сум убеден ако се развива правилно ќе добиеме четири пати поголема сума од оваа”
За младиот Јовиќ пројавија интерес и Арсенал и Јувентус. Но сепак поголеми се шансите да замине во Португалија, каде одлично се снајдоа Немања Матиќ, Лазар Марковиќ, Филип Ѓуричиќ и Стефан Митровиќ кои настапуваа за Бенфика.