Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Олд Трафорд - Театар на дремката

Ако некогаш важеше за место на кое на противникот уште при доаѓањето со клупскиот автобус му се тресеа нозе, на стадионот на Манчестер Јунајтед денес владее театарска атмосфера во која комотно може да дремнете саат-два без некој да ве разбуди.

Македонија без победа го завршува ЕП

Македонската ракометна репрезентација ја пропушти и последната можност за победа на Еврошампионатот во Полска. Скалпот ни го зема и Белорусија која не совлада со гол разлика и не остави на дното со само еден бод. Бледо издание на избраниците на Обрван.

Ако ме продадеш ќе ти дадам гол

Новиот напаѓач на Болоња му даде гол на Сасуоло веднаш штом го продадоа. Тоа му е редовна пракса против поранешните клубови.

Рисе не ја заборавил голф палката на Белами

Џон Арне Рисе после 9 години прозборе за фамозната тепачка со неговиот поранешен соиграч во Ливерпул, Крег Белами.

15 години Ултрас Ајакс

Навивачката група ВАК410 од Амстердам синоќа го прослави својот 15-ти роденден со пригодна пиротехника и громогласно пеење.

Шансите и можните противници во квалификациите за Олимпијада

И покрај тоа што немаме ниту една победа на Европското првенство во Полска, шансите за Рио не ни се загубени. Во живот не држи деветтото место од Катар, а за да ни се исплати, има листа од 6 селекции кои посакуваме да го освојат златото на 31 јануари.

Добиваш на лото и го купуваш омилениот клуб

Сигурно некогаш сте се запрашале како би било сјајно оддеднаш да станете милионер, да живеете на Карибите и да станете сопственик на фудбалски тим. 58-годишен невработен Англичанец има многу да ви каже на таа тема.

Ноле знае како со децата

Флертот со фановите, оној спортскиот е многу важен за да направиш да те засакаат. И да беше 50 места подолу на рангот на АТП, најдобриот тенисер во светот со ваков пристап сигурно ќе беше магнет за оваа млада публика која живее за вакво внимание од нивните идоли.

Фудбалот меѓу џихадистите, за фаул физичко мачење

Фудбалот како занимлива игра ги привлекува и радикалните исламисти, кои го играат и покрај тоа што велат дека е строго забранет затоа што „е ѓаволска работа од западот".

Голманов побудале, коментаторот по него

Ма каков Буфон или Ноер, пазете го вие голманчево кое брани за нисколигаш од Сицилија. Со две топки да му шутираа пак џабе.

Џордан со затворени очи за Мутомбо

Летечкиот Мајкл до таа мера уживаше во баскетот што често слободните фрлања ги изведуваше со затворени очи, и погаѓаше.

Странци кои најдолго играле за Милан

За богатиот музеј на Милан големи заслуги носат и фудбалери кои дојдоа од страна и долги години го носеа црвено-црниот дрес.

Фудбалот знае многу да боли

А такви примери во кои многу боли ги имате вo видеoвo.

Последната фудбалска надеж во семејството Веа

Синот на поранешната Златна топка со 15 години игра во ПСЖ У17 кои се прваци во Франција, а луѓето од стручниот штаб веќе му го дадоа епитетот „феномен“.

Поинтересно е во театар отколку на Интер и Милан

Сан Сиро или Џузепе Меаца се соочи со пораз во однос на привлекување публика во споредбата со театарот во Милано. Младите купиле повеќе годишни карти за театарски претстави отколку за фудбал.

Ветеранот кој знае дека дома си е дома

Замислете го Раул се враќа во Реал Мадрид, станува прв шпиц и подобар од кога и да е. Нереално звучи, но таквиот пат успешно го оди ветеранот Ариц Адуриц во Билбао кој со 35 години чука на вратата на шпанската репрезентација.

Скаути посетете го детево

Џабе што е две глави поголем од него. Малиов направи чудо од потег со кој го натера да седне и да се држи за глава од мака.

Нов земјотрес во италијанскиот фудбал, под истрага се звучни имиња

Обвинителството од Неапол издаде наредба за запленување на имот во вредност од 12 милиони евра во истрагата која се води против околу 60 лица за затајување на данок и фалсификување на документи.

Унаи Емери сака да игра расипан телефон

За време на мечот Севиља - Атлетико М. судиите го остранија тренерот на Андалузијците поради протести, но тоа не му сметаше да ѕирка од тунелот и да игра ѕе со играчите.

Од Лига на шампиони сега ќе играм во четврта лига

Фудбалерот кој ја доби најголемата казна за користење допинг во историјата на ФИФА, првпат после шокот отворено призна дека размислувал да ја прекине кариерата.

Сите 11 голови на Кире против Норвешка

Капитенот на Македонија во моментов е прв на листата на стрелци на ЕП Полска 2016 со 32 голови, исто колку што има и Пољакот Јурецки. Вчерашните негови голови со кои ги наполни Норвежаните за жал не беа доволни за прва победа на Македонија. 

Фудбалскиот храм Енфилд Роуд низ времето

На полјаната Енфилд најпрвин играл Евертон кој собрал многу навивачи по првата освоена титула, поради што газдата на земјиштето ја кренал киријата, а подоцна решил да основа нов ривалски клуб крстен по името на градот.

“Собрани дела” – од Стеф Кари и Голден Стејт Вориорс

Се игра природна кошарка, со технички феноменални играчи кои сиот свој талент го демонстрираат пред сè умствено, а не физички и многу често доведувајќи ги до лудило нивните противници со погодени шутеви преку рака или од мртов агол. Првиот стрелец во лигата е заслужено кандидат број 1 за МВП, игра 30тина минути и постигнува исто толку поени.

Мухамед Али го продава кампот во Пенсилванија

Дер Лејк, познатиот тренинг камп и музеј на легендарниот боксер се најде на продажба, а цената изнесува 495.000 долари. Во него преку постери и разни предмети сè уште е присутен Мухамед Али.