За прв пат во историјата театарот за претстави во Милано стигна до рекордни 25.000 продадени годишни карти и со тоа ги победи Милан и Интер кој привлекуваат помалку публика.
Во театар одат луѓе од најразлична возраст, а за издвојување е младината или податокот дека 35% од луѓето со годишни карти за во театар имаат под 26 години. На годишно ниво театарски претстави гледаат над 300.000 луѓе.
Полупразниот Сан Сиро годинава може да се пофали со 19.476 продадени годишни влезници за Милан или околу 5.500 помалку од бројката продадена за во театар. Интер годинава не ја објави оваа бројка која во последниве години се движи околу 22.000 продадени годишни карти.
Милан кој изминативе години е далеку од врвот на табелата во Серија А, на последните 9 натпревари во просек имал по 34.000 публика што е најлош податок во последниве 20 години, а кога игра Интер на стадионот одат просечно по 49.000 гледачи.
Со оглед на славата и капацитетот од 80.000 гледачи овие бројки се поразителни за овие два клуба кои се мачат да им се вратат на трофеите. Последен пат во Милано се славеа титули во 2010-та и 2011-та кога Интер, а потоа Милан го освои Скудетото.