Теренот Енфилд првпат се споменува во далечната 1895. година, кога во весникот на градот Ливерпул излегла мала статија за крикет меч одигран на тоа место. 25 години подоцна, Енфилд станал дом на фудбалскиот клуб Евертон, кој веќе не можел да игра на својот поранешен стадион Прајори роуд. Сопственикот на овој стадион бил уморен од метежот, буката и тепачките и решил да ги избрка фудбалерите.
Земјата на идниот легендарен стадион во 1884. година била во сопственост на газдата на локалната пивара Џон Орел, кој со помош на другарот Џон Холдинг (исто пивар) се нагодил со Евертон за 100 фунти да го користи полето во спортски цели.
На крајот од септември 1884. година, Карамелите играле на новиот стадион и на првиот меч победиле 5:0. Вкупно, Евертон на Енфилд минал 7 години аво 1891. година ја освоиле дури и шампионската титула. После овој настан, членот на управниот одбор на клубот Џон Холдинг со својот пријател одлучил да ја зголеми киријата до 250 фунти, која била превисока за скромниот Евертон чија управа се навредила.
Како резултат на тоа, тимот се сели на денешниот стадион Гудисон Парк кој се наоѓа на само 765 метри од Енфилд Роуд. Сепак, „светото" место не останало празно. Џон Холдинг, кој на располагање сега имал стадион собрал неколку играчи и решил од нула да изгради нов професионален клуб. Се обидел да го регистрира истата година под името Everton Football Club and Athletic Grounds Company Limited, но од фудбалската асоцијација на Англија се противеле на името Евертон 2.
Тогаш Џон предложил името да биде по името на градот - Ливерпул. На тој начин Енфилд стана дом на Ливерпул, новородениот клуб кој ја испиша историјата.